Во градот Теил на островот Хајд Гвеј во канадската провинција Британска Колумбија, е изградена мала куќа, која наликува како да е излезена од бајките.
Куќата, која е дело на уметникот и музичар Ноел Вотен, всушност е „изградена“ во внатрешноста на еден огромен трупец од исечено дрво од смрека.
За изработка на оваа несекојдневна колиба на Вотен му биле потребни две години. Тој искористил трупец од исечена смрека, која спаѓа во групата на најголеми четинари и може да достигне висина и до сто метри.
Куќата е изработена така што е издлабена внатрешноста на трупецот и во него е добена една соба со интересен ентериер.
Колибата е покриена со дрво од кедер и бакар и има рачно изработени прозорци, кои само го надоплнуваат несекојдневниот изглед на куќата.
Внатрешноста на објектот е декорирана со рачно изработен мебел, вградени полици и сувенири.