Наречен „Шефардс Дилjт“, овој мал и прекрасен дом за одмор во Англија е преубава илустрација и привилегија на модерниот дизајн, сместен во закрилата на природата.
Еднособната викенд куќа има сосема едноставен распоред, кој создава посебен простор за работа и одмор во рамките на понудените димензии.
Француската врата води до чист, отворен и сосема неоптеретен ентериер. Кујната и трпезаријата се наоѓаат на една страна, а скромниот брачен кревет е другата страна на домот. Креветот исто така служи и за седење во текот на денот.
Дрвените подови и белите ѕидови даваат преубаво чувство, додека пак плакарите дополнително ја потенцираат убавината на куќата. Инаку, акцент е ставен на убавиот мебел од рециклиран материјал, при што на пример, полиците во кујната се направени од стар „Пепси“ сандак.
Тераста е место кое дава прекрасен поглед на преубавото езеро што плени со својата убавина и боја која се прелива. Отворената кујна со скара е совршена за прекрасните летни сончевите денови.
Оваа мала едноставна викенд куќа нуди прекрасна убавина со суптилниот и елегантен дизајн.