По вештата реконструкција и одличниот декор малиот дом од 35 метри квадратни стана простран и модерен. Отворениот простор во овој мал ентериер, боите на ѕидовите и адаптивниот мебел се клучни за таквиот стил.
И покрај малата квадратура станот има три одделени зони дневен престој, простор за работа и простор за јадење.
За да има доволно простор за скларидарање на книги, полиците од плочи од гипс се ставени блиску до таванот. Старите прозорци се сменети со нови од кои се пружа прекрасен поглед на Мадрид.
Со храбрите бои на ѕидовите секоја просторија има посебен карактер.
Дневната соба има релаксирачки мешани сиви контрасти со блескаво белите плакари од гибс, кујната има црвени тонови со цел да се постигне свежина, додека ѕидовите во спалната соба се зелени.
Мебелот во станот е со различни стилови и функции.