Контрасните бои се клучен елемент во станот од 50 метри квадратни. Секоја соба има силни бои кои даваат посебен карактер.
Во дневната соба, ѕидот каде се наоѓа комодата со телевизорот обоен е поинаку од другите ѕидови во таа просторија.
Тој е акцентиран со портокалово-црвена воја која дава виталност и добри вибрации.
Модуларната црвена софа во дневната сова создава убава хармонија со чистите и светли бели ѕидови.
Дневната соба е поврзана со спалната соба, каде ѕидот е обоен со темно сина боја, а декоративните елементи се вели.
Од спалната боја се гледа работниот агол поставен во салонот. Наместо полици за книги има ниша каде се наоѓаат книгите.
Ѕидот во трпезаријата е во зелена боја што претставува контраст на белиот трпезариски мебел и црвената кујна која се гледа од белата врата со кружен прозор.