Веселиот мал стан што се наоѓа во Ленсоветовск, село во близина на Санкт Петерсбург во Русија, посебно е дизајнирајан за малда брачна двојка, кои барале естетиката и функционалноста да бидат главни каратеристики на нивниот дом.
Ѕидовите кои се обоени во бела боја, визуелно го зголемуваат просторот, додека светлите и шарени елементи, придонесуваат за живописност на амбиентот.
Отворениот план на самиот простор го дефинира овој стан, но просториите за спиење, трпезаријата и делот за забава се добро индивидуилизирани. Целокупниот дизајн дава креативност и целосна функционалност.
Дизајнерите ја поделиле просторијата за спиење и направиле посебен гаредобер. Во дневната соба е сместен бел камин, а телевизорот е поставен над него, што овозможува гледање телевизија додека сте во кревет или седите во удобоната фотеља. Врата хармоника е додадена за се направи просторот визуелен поголем.
За бањата се користени мали плочки со димензии 10 на 10 сантиметри кои се во различни бои, но за декорацијата на ѕидовите е искористено големо огледало со „антифог систем“. Акцентот ставен на огледалото доплнително визулено ја зголемува просторијата, бидејќи во него се огледуваат сите делови и елементи со нивната убавина и палетата од благи бои.