За оние кои се плашат од крајот на светот, постои голема можност да добијат можеби уникатно парче недвижност во американската сојузна држава Џорџија.
Станува збор за скривнициа од 1960 година која е во приватна сопственост и сега е достапна за купување. Таа се наоѓа на 14 метри под земјата, во близина на градот Тифтон во јужна Џорџија, а е дизајнирана да издржи напад од атомсла бомба од 20.000 тони.
Скривницата има четири одвоени луксузни апартмани, кино сала, конференциска соба и кујна. Таа нуди луксузно сместување за оние кои сакаат безбедно да ја пречекаат можната нуклеарна катастрофа. Но, тоа заговолство не е евтина. Цената на овој единствен подземен дом е 17,5 милиони долари.
Влезот изгледа како и секој друг влез во мал индустриски магацин. Обоени бетонски ѕидови со челични врати и гаража, но длабоко под земјата, веќе има друга приказна.
Скривницата има три метри дебели бетонски ѕидови и механизација за самоодоржливост со сопствена електрана за соларна енергија, тушеви за деконтаминација, сигурен систем на довод на воздух, како и проторија за пружање прва помош.
Целиот комплекс има 12 простории за живеење, вклучително и пет спални соби. Скривницата е реновирана во 2012 година за да ги исполни новите стандарди за нуклеарна безбедност.