Во руралниот реон Итабтиба, на 86 километри од бразилскиот град Сао Паоло, е изградена необична куќа, во која е создадена илузија дека станарите се сместени меѓу бујната вегетација што го опкружува објектот.
Куќата сместени меѓу две голема бетонски плочи создава впечаток дека ентериерот се наоѓа во еден вид сендвич.
Делот за дневен престој е од три страни опкружен со стаклени ѕидови, преку кои се нуди поглед кон околината. За ралика од овој дел спалните соби се опкружени со дрвени ѕидови, кои гарантираат приватност.
Сите простории се сместени во правоаголен квадар, кон кој се надополнуваат надворешната тераса и базенот со вградено зелено ЛЕД осветлување, што ја прави куќата особно спектакулатна во текот на ноќта.
Во еден дел застаклениот отворен простор на куќата е сместен дневниот престој, кој е декориран со мебел во неутрална палета на бои и опремен со телевиски и музички систми, полици за книги и уметнички предмети. Делот во кој е сместена трпезаријата отскокнува со црвените лустери над масата.
Спалните соби имаат сопствени бањи, кои ги карактеризира смарагдно зеленото ЛЕД осветлување, слично како она во базенот.
Дополнително куќата има и дел во кој се наоѓа гаражата и техничките простории.