Дизајнерот Адриан Магу ја комбинираше својата страст кон „се што е зелено“ и своето искуство во индустријата на автомобили за да ја креира оваа интересна саксија за бонсаи, која го носи називот „Kasokudo“.
Овој интригантен предмет е идеален микс на форма и функција, тој користи форми на брзината и производните процеси на автомобилската индустрија, но околу себе има флуидна аура која дава импресии на движење на инаку статичниот облик.
Во срцето на овој предмет се наоѓа бонсаи дрво, елемент на мирот кој совршено балансира меѓу двата динамични карактери на оваа креација.
Напредните и модерни производни процеси на високо полирани завршни детали на оваа саксија и 3Д печатени стилизирани планини креираат контраст во однос на скромното бонсаи дрво, кое понекогаш расте и со децении.
Ова парче е фасцинантна комбинација на прецизна технологија и шарм на природата и нејзината непредвидлива убавина.