Колекцијата „Луи Витон Самр Спирит“ го прикажува со својот изглед духот на летото што претстои.
Препознатливото „Дамиер Азур“ платно овојпат е во шеќерно розова боја.
Повеќето познати модели на чанти се дел од оваа колеција во розово издание, па така можете да одберете „Кипал“, „Спиди“ или „Неврфул“ модел или моден детал, како што се приврзок за клучеви, патики, розе футрола за бележник.
Оваа прекрасна колекција ја нуди веќе добро познатата доза на гламур што ја поседуваат сите парчиња од „Луи Витон“.