Шпанските дизајнери „Alien and monkey“, претставија коцки во облик на лампи, дизајн од песок, кој настанал со користење на традиционални керамички техники на производство.
Новите материјали, песок печен во печка, може да се користи во подолг временски период. Со време лампите ќе изронат и на крајот на својот животен циклус повторно ќе се претворат во песок. „Alien and monkey“ лампите се биоразградливи.
Лампата од песок е сестран дизајн кој може да виси во вид на лустер, потпрени една на друга или можат да се користат како столни лампи.
Биоразградливите лампи од песок се идеални светилки за романтични летни вечери.