Компанијата „Пулсар Мунлајт“ произведува лампи во облик на Месечината, Јупитер, Марс и другите планети.
Творец на концептот е италијанската астрофизичарка Марија Елена.
Изработката на секоја лампа трае по шест часа, а компанијата користи исклучиво рециклирани материјали и нетоксична боја.
Не постојат две идентични лампи, бидејќи НАСА секојдневно објавува нови слики од планетити, кои подоцна Марија ги користи за промена во изработката на новите лампи.