Зелени ѕидови, вертикални градини, живи ѕидови или само градини се некои од термините со кои се именуваат „ансамблите“ од зеленило поставени вертикално, кои несомнено изгледаат прекрасно.
Ваквите градини можат да се користат и во ентериерот и во екстериерот, бидејќи нудат бескрајни можности за декорација и придонесуваат за подобрување на дизјанот на домот.
Зелените ѕидови стануваат се популарен тренд во модерната архитектура, па нив денес можеме да ги сретнем како во приватните домови, така и на многу јавни места, институции и објекти.
Вертиканите градини покрај за поодбрување на естетскиот изглед, придонесуваат и за освежување на воздухот во самиот објект и во неговата околина.