На живописните и спектакуларни падини на Гуанакаста во Костарика е изградена куќа за одмор чии чисти линии и внимателно избрани бои креираат единствена синергија меѓу човекот и природата.
Куќата е дизајнирана со цел да обезбеди мирно засолниште од градската врева во опкружување на природните убавини.
Отворите на фасадата овозможуваат разграничување на просторот меѓу глaвниот приоден пат и ентериерот на куќата, чија грациозна структура и прозорци кон морето и небото овозможуваат влез на големо количество светлина.
Дизјанот ја нагласува елеганцијата на прeфинeтиот декор и неоптоварениот ентериер во кој широкиот сепектар на луксузни парчиња мебел се во склад со палетата на пригушени тонови на природни бои.
Мешавината на камени подови и сјани површини е во контраст со елементите од трска, со што е создаден импресивен ентериер, кој придонесува за фантастилен одмор во услови на мир и спокојство.