ФОТО: Куќа во „пилотски стил“ во Сеул

Од:

Јужнокорејското архитектонско биро „КХМ Аркитектс“ ја дизајнираше „Летечката куќа“ намената за еден млад пилот и неговото семејство.

Сопственикот на куќата сакал таа да биде во футристички стил, па архитектите поттиканти од нејизната место положба – во близина на сеулскиот аеродром „Инчеон“, решиле да проектираат градба која со своите флудини површини и различни нивелации во бело-зелена комбинација ќе наликува на авион во лет.

„Флајинг Хаус“ има повеќеслојни динамични површини и тераси, базирани на корејската традиционална архитектура, со што се отсликува културниот идентитет на Корејците.

Покривот наликува како да лета над дворот, а целата градба со својата ригидна структура метафорички го симболизира движењето на авионите низ воздух.

Во куќата е применета традициналната корејска архитектура која се карактеризира со просторни и пејзажни елементи, кои особено се воочливи во дворот и во ентериерните решенија.

Екстерините линии на куќата продолжуваат и на нејзиниот покрив, со што се создава пејзажна динамика која овозможува слободна циркулација од врвот до самиот двор.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска