На страсните љубители на архитектурата добро им е познато името Френк Лојд Рајт, визионер кој дизајнирал градби пред своето време и се смета за еден од најрадикалните архитекти во целата историја.
Рајт користел револуционерна технологија на градење, несекојдневни материјали, а експериментиал и со употреба на пејзажи како составен дел од неговите градби.
Додека многу од неговите градби се во приватна сопственост, добар дел од проектите претставуваат јавни објекти, како музеи или простории за изнајмување. Една од неговите дела е и куќа „Елам Хаус“ во Минесота.
Куќата „Елам“ е претставник на т.н. „американски” стил на градба, кој Френк Лојд Рајт го „создал“ кон средината на 30-те години на минатиот век. „Американскиот“ стил подразбира рамни покриви и структура во форма на латинската буква Л, што совршено се вклопува во природната средина.
Во куќата има пет спални соби и дури шест тоалети.
Тоа што куќата „Елам“ ја прави навистина импресивна е огромниот број на прозорци. Имено, куќата содржи над сто прозорски отвори.