Уметничката Кејт О’Саливан купила трошна куќа во Њујорк изградена во 1840 година, за да биде не само нејзино место за живеење, туку и нејзина муза за различни уметнички потфати.
Нејзиниот дом, кој неодамна беше реновиран, требало да биде место каде ќе биде оддржа нејзината креативна магија, па таа почнала со прелевање на бои. Верна на својот уметнички талент, Кејт создава чудесна куќа која е опкружена со прекрасни пејсажи и природа. О’Саливан и нејзиниот партнер Мејсон Браун, не само што ја реконструирале куќата, туку додале и нови архитектонски детали, создавајчи калеидоскоп од многу бои и дезени.
Тоа што ги поврзува сите бои и ги прави соединети е црната боја, со која се создаваат и истакнуваат различни модели, дури и кога формите не ги следат архитектонските детали, како на пример вратите. Кејт и Мејсон не застанале само на куќата, туку продолжиле и натаму да навлегуваат подлабоко во пејсажите. Тие направиле ограда од наредени камења, која претставува заштита на „ал фреско“ зоната. Оградата е во природни бои и овозможува куќата да остане во центарот на вниманието.
Во сончеви денови, рефлексите од Сонцето во блиското езеро е исклучителна впечатлива. Цветната градина во англиски стил е во рамнотежа со рачно нацртаното виножито, кое изгледа толку вистинито.