На еден од ридовите на Сан Франциско изградена е современа куќа од која се пружа спектакуларен поглед кон градот.
Големите прозорци на куќата овозможуваат високо ниво на отвореност и овозможуваат влез на многу природна светлина во внатрешноста.
Собата за дневен престој, која се наоѓа на долниот кат на куќата, со вискоиот таван и деломно стаклените ѕидови создава пријатно чувство, а минималистичкиот лустер дава дополнителна динамика.
Софата, неколкуте фотелји и катчето за читање ја прават оваа просторија совршено место за дружење на семејството и пријателите и за уживање по вечерата.
Секако најпривлечен дел од куќата е величенствената тераса од која се пружа импресивна панорама на Сан Франциско.