Иновативните ротирачки кутии наместо класични соби, кои служат за полесно адаптирање на климатските промени во Техеран, се дел од грандиозните Шарифи-ха куќи.
Со ротирачките кутии куќата може да стане отворена или затворена во зависност од годишното време.
Куќата е на седум ката, двата подрумски нивоа се наменети за удбоноста на семејството и дружењето, додека на приземјето има паркинг и други помошни простории.
Јавните активности се случуваат на првиот и вториот кат, додека приватниот живот се одвива на третиот и четвртиот кат.
Работните соби и трпезаријата (ротирачките соби на првиот и на третиот кат) можат да го сменат изгледот во согласност со желбите на сопствениците.