Ѕидовите на куќата се изградени од локалните камења.
Куќата ги следи контурите на теренот, а нејзиниот западен дел, кој е свртен кон Тихи Океан, е стаклен, од каде се пружа панорамски поглед.
Големи камени скали водат од последниот кат кон дворот и трпезарискиот простор кој е со танки ѕидови поплочени со локални камења.
Кујната е сместена од другата страна на ѕидот, а стаклената врата води кон голема тераса.
Главната спална соба е сместена во најоддалечениот дел од куќата. Скалите од спалната соба водат до покривот, каде се наоѓа голема градина.
На пониските нивоа, камените ѕидови ја штитат куќата од погледи и во исто време се позадина на базенот кој е свртен кон југ, како и на градината.