На имотот Хелдсбург во американската сојузна држава Калифорнија е изградена несекојдневна куќа, чија внатрешност е поврзана со пејзажот што ја опкружува.
Дизјанот на куќата е едноставен и некомпликуван, како што во принцип е вообичаено во широките отворени простории, а поврзаноста меѓу градбата и опкружувањето е постигната со помош на големи стаклени прозорци и оперативни врати.
Елегантната дневна зона е надополнета со кујна на две нивоа и трпезариски простор, кој се „отвора“ кон голем надворешен павиљон и дел во кој е сместен базенот. Отворениот камин и клупите го прават овој надворешен простор идеално место за одмор, но и за јадење.
Спаланта соба исто така има опертивна врата, која може да се претвори во отвор, со што целата просторија за само неколку секунди се „поврзува“ со надворешноста.
Таваните се прекриени со фабрички панели, кои создаваат добра акустика, што ја прави куќата дополнително привлечна за одмор и уживање во природата.