Мејси Милер е архитект од Ајдахо. Нејзи и требаа две години сама да ја изгради малата куќа. Куќата има 18 метри квадратни, а нејзината изградба чинела околу 11.000 долари.
Малиот дом во целост е изграден од еколошки материјали. Куќата е изградена на приколка со рамна површина од рециклирани палети и нови прозорци.
Во куќата има брачен кревет, голем туш, целосно функционална кујна, дневен престој за двајца и многу простор за складирање. Во домот има многу ормани и полици.
Милер планира за неколку години да изгради колиба од 60 метри квадратни во шума.