Јоно Вилијамс, графички дизајнер и инженер од Нов Зеланд дизајнира и изгради куќа „Небесна топка“ (The Skysphere).
Куќата е со футуристички изглед, со висина од десет метри и 25 метри квадратни простор за живот.
Вилијамс наведува дека тоа не е обична куќа на дрво. Неговата идеја била објектот да го постави на челичен столб, кој каде било би можел да се постави – меѓу дрвја, на брдо или дури на сред океан. Можностите се бесконечни.
Куќата има прозорец од 360 степени. Прозорецот е висок два метра и 14 метри во круг.
Кулата има панели за соларна енергија и поголемиот број електрични апарати ќе се контролираат преку паметни телефони.