Израелското студио „Шарон Нојман Архитектс енд Одед Штерн-Мајрац“ ја изгради модерната куќа „Н“ во градот Јехуда.
Домот е со површина од 260 метри кавдратни, а она што го прави несекојдневен е високиот ѕид од тули обоен во бело, кој ја „крие“ куќата од погледите на љубопитните минувачи.
Кон главниот влез, кој е еден вид долг отвор на белиот ѕид, води широка тераса, која се вклопува во пространиот и модерен ентериер.
Во концептот на куќата доминира минималиситчкиот стил, кој овозможува лесно да се прикаже дводимензионалната форма на градбата, која наликува како цртеж на дете.