Објектот има интригантно име – куќа маскирана од природата.
Куќата на дрво е промислен пример на скулптурална архитектура и се наоѓа во шумскиот предел на американската сојузна држава Њујорк.
Куќата името го добила поради речиси невидливо поплочената фасада.
Отворениот план на просторот финиширан е со дрвени елементи и поседува висечки камин кој пружа комфор и топлина, додека стаклениот ѕид нуди прекрасен поглед на езерото.
Спалната соба всушност е ниша за спиење, а кујнскиот простор е сместен на другиот ѕид, додека бањата е достапна преку тесната врата.
На покривот има тераса.