На само 30 метри од езерото Минетонка во американската сојузна држава Минесота е изградена резиденцијална куќа која импресионира со својот дизјан и модерен изглед и е целсоно вклопена во природното опкружување.
Дрвото и каменот, кои се употребени во нејзината изградба, прават куќата да зрачи со удобен, современ, пријателски и софистициран амбиент.
Собата за дневен престој, трпезаријата и кујната формираат единствен отворен простор, кој може да се подели со стаклени лизгачки врати од подот до таванот. Во дневната соба доминира камин, а целиот амбиент е дополнет со дрвени полици и уметнички дела.
Елементите во кујната се изработени од дрво со што совршено се вклопуваат со дрвените рамки на прозорците, кои се протегаат до самиот таван. Во кујната има и дрвен шанк, кој делува како осторв целиот простор.
Трпезаријата се состои од голема маса опкружена со тапацирани столици, во чија близина има „вински подрум“ со стаклен ѕид, кој совршено се вклопува во целиот амбиент.
Куќата има три спални соби опремени во модерен авангарден стил, со совршена симетрија. Една од спаните соби нуди панорамски поглед кон езерото.
Бањата е модерна со големи огледала што му даваат сосема нова димензија на ентериерот. Во аголот на бањата има када од каде се исто така се пружа поглед кон езерото.
Се на се оваа куќа претставува совршено место за уживање.