Во перуанскиот главен град Лима е наоѓа домот „Ливинг Хаус“, кој претставува одраз на енергија и флуидност.
Распоредот на просториите во ентериерот ја поддржува оваа енергија на движења на отворен простор и долги ходници, што овозможило нејзин сигурен проток на целата внатрешност.
Комплетирана во 2016 година, оваа куќа поседува 530 метри квадратни многу динамичен простор, опремен со скали кои ги спојуваат двете пространи нивоа.
Додека ентериерот на овој објект е многу импресивен, името „Ливинг Хаус“ се должи на дизајнот на екстериерот. Користејќи фотографија како алат, настанале две силуети налик на човечки фигури вградени во архитектурата.
Едната силуета делува како тело во фаза на спиење, со тежина која правилно е распоредена преку целата површина. Другата претставува лице кое е фатено во расчекор, замрзнато во место, но во намера и со сугестија на движење.
Двата статични коцкасти столбови претставуваат потпора на градбата и прават таа да делува поединечно поделена и подготвена да го продолжи своето патување во секој момент.