Новата „Ално“ кујна во бела боја е во контраст од црната гарнитура, во која постои комбинација на материјали како што се дрво и метал.
Рустикалниот амбиент е поврзан со модерниот стил, со што се создава микс од разновидни материјали, а модерниот стил воопсшто не е изгубен во овој неверојатен простор. Кујаната има три шпорети на дрва и два фрижидера,а поседува и простор за чување вино.
Кујната е идеална за оние кои имаат желба да готват, затоа што е направена да биде пофункционална од останатите кујни, кои вообичаено можеме да ги видиме во секој дом. Сивата и кафената боја се истакнати преку природна светлина, кој доаѓа преку големиот заоблен прозорец.
Дрвениот под и рустикалниот ѕид направен од тули на вистински начин ја надополнуваат кујната во целина и дава воедно рустикален стил кој ретко се среќава во последно време.