За изработката на најновите надградени летни слушалки „iWave“ беа потребни десет часа работа, бидејќи на нив се наоѓаат 6.500 рачно излепени Сваровски кристали. Достапни се во златна и портокалова верзија.
Кога зборуваме за квалитетот на звукот, овие Ultrasone PRO 750 слушалки имаат S-logic технологија која ви обезбедува тродимензионално искуство на уживање во звукот. Други спецификации се 40 мм титаниумски драјвери и фреквенции во опсег од 8-35.000 Hz.
По цена од 2.000 долари, можете да ги имате овие извонредни слушалки, сон на секој аудиофил, спакувани во цврста кутија, во која безбедно може да се чуваат кога не ги користите.