– Лампите „Крејн“ не претставуваат луксуз што се однесува до парите, можеби ни околу изгледот, но дефинитивно оваа карактеристика ја носат со себе кога се работи за функционалноста, ноншалантноста и исклучителните можности кои се совршени за сите, но посебно за луѓе кои поминуваат долго време читајќи.
Колекцијата на ова осветлување се состои од едноставен и функционален дизајн кој пружа кинетичко чувство збогатено со елементи на индустриски стил.
Лампите „Крејн“ претставуваат подвижно осветлување кое може драстично да ја измени висината и обликот, со форма инспирирана од изгледот на птицата кран и нејзиниот многу флексибилен врат, кој се истегнува за полесно да фати плен.
Структурата што наликува на ножици на подните верзии на лампата се состои од 26 делови од цврсто дрво, со чија помош тие имаат можност да се шират и собираат, на чиј врв се наоѓа една сијалица.