Во швајцарската област Масањо е изграден комплексот „Ломо Кубес“, кој претставува модерен и софистициран стабен проект, дело на дизајниранското студио „Мота Папијани Архитети“.
Комплексот, кој е завршен во 2013 година, совршено ја отсликува убавината на односот меѓу ентериерот и екстериерот, благодарувајќи на својата современа и револуциерна архитектура.
Станбените единици се дизјанирани како сјајни и отворени простори за уживање, а секоја од нив е со прекрасен поглед на преубавото езеро Лугано. Зградата е лоцирана меѓу езерото Лугано и областа Масањо, која е резевирана само за одбрана клиентела во потрага по совршена комбинација и софистицирана архитектура.
Фасадата ја сочинуваат затворени и отворени стаклени коцки. Скалилата и ходниците се на предната страна од комплексот и нудат прекрасен поглед кон езерото. Дневните соби се отворени кон стаклените тераси, додека големите спални соби се ориентирани кон внатрешниот базен.
Со едноставниот, но префинет внатрешен дизајн, комплексот ги нуди сите удобности, вклучувајќи ја тука и преубавата градина, која е преплавена со различни билки од кои се шири комбинација на мириси, со што имате впешаток како да се наоѓате на некое егзотично место. Тука се и спа центарот и салата за вежбање, кои може да се користат за релаксација и одмор.