Оваа бела селска куќа со црвен челичен покрив претставува инкарнација на една градба во далечното ирско градче Тренграриве и е сместена на брегот на локланото езеро.
Куќата е „изгубена“ во див природен пејзаж и пружа уживање со погледот кон непрегледни полиња и планински венци во далечината.
Оваа градба порано била скромно преноќиште на локалните планински овчари, но сега е претворена во викендичка од соништата. Новиот покрив од дрвени греди е изграден од материјали кои се набавени во околните шуми.
Земјениот под е целосно реконструиран и опремен со етисони креирани во локални ресурси, додека избелениот рустикален ентериер нуди стилски едноставен дом од сите природни елементи.
Дневната соба, трпезаријата и кујната се обединети во еден план на просторот, кој не е премногу голем, но е многу удобен. Во него се наоѓаат грубо изделкани дрвени греди и нерамни бели ѕидови, а местото за седење крај огништето претставува најдобра позиција за уживање во сите природни убавини кое ова место го оплеменуваат.
Спалните соби се одвоени од овој простор и се многу приватни. Главната спална соба претставува прекрасен амбиент, опремен со панорамски прозорец од кој се пружа неверојатна глетка. Другата спална соба е за двајца и се состои од вонвременски мебел, кој е сместен во срцето на антиквитетскиот аранжман кој пружа прекрасно рустикално чувство.
Оваа традиционална куќа со пејзажот кој ја опкружува, претставува совршено место за опуштање и заборавање на сите проблеми, додека мирната природа, која го краси овој дел на Ирска, дефинитивно помага во тоа.