Станот од 35 метри квадратни има дневна соба, кујна и спална кои делат ист простор, но се јасно разграничени со мебелот и декорациите.
Комодата за телевизорот во подножјето на креветот како да ги раздвојува дневната од спалната соба.
Во дневната соба предниот ѕид е во бела боја, додека од страните има тули. Во собата има софа и фотели во светла боја со што визуелно се зголемува просторот. Мебелот во спалната соба е од темно дрво. Секоја просторија во малиот дом излегува на тераса.
Кујната е добро дефинирана и претставува одвоен простор.
Бањата е многу мала и функционална во која има када и стаклен мијалник.