Вејн Адамс и неговата сопруга Кетрин Кинг од Канада изградиле свое „царство“ во еден мореуз кај островот Ванкувер во Канада.
Станува збор за 14 помали куќи на вода како и една двокатна во која живеат сами.
За изградба на овој необичен комплекс покрај креативност им било потребно и многу време, односно Вејн на ова ремек дело започнал да работи во 1992 година.
Неговата сопруга повеќе била задолже на за ентериерот, а покрај тоа таа работи и на одржување на градината во која одгледуваат 25 различни видови овошје, зеленчук и билки, а која исто така се наоѓа на вода.
Од друга страна Вејн низа години работел во шумарство, каде што ја совладал техниката на резбање на дрвото.
Е. Г.