Српската компанијата „Итонг“ изработи модел за изградба на двокатна модерна и конфорна куќа на принципот „направи сам“ со вкупна површина од 277,24 метри квадратни.
На првиот кат на „Итонг куќата број 4“ има голем салон за дневен престој кој е отворен кон трпезаријата и кујната. Овој кат е дополнет и со гаража, котларница и помошна просторија.
На горниот кат има две мали и две поголеми спални соби, две бањи и гардеробер. Делот од плочата над трпезаријата е изоставен, па таа половина од катот и визуелно е поврзана со долната дневна зона.
Цената за изградба на „Итонг куќата број 4“ од темел до покрив чини 420 евра по метар кавдратен.