Украинското дизајнерско студио „Нотдизајн“ ја креираше лампата за на масичка „Ра“, што ве принудува на интерактивност за да ја вклучите или исклучите.
Кога цевката е поставена хоризонтално лампата е исклучена, а кога ќе ја поставите вертикално лампата ќе се вклучи.
Како што ја движите цевката на лампата, така се интензивира и светлината, па можете да ја наместите лампата на она место на кое светлината најмногу ви одговара.