„Лаиноа“ (Lainoa) лампата е дел од низата решенија за надворешно декоративно осветлување, кои ги нуди шпанскиот производител „Б.Лукс“.
Џон Сантаколома го дизајнираше ова сферично светлосно тело, „Лаиноа“ лампата, која има едноставни и природни облици, евоцирајќи светло на облаците додека заоѓа сонцето.
„Лаиноа“ има неправилна површина, а прстените можат да бидат со разни бои кои одат околу сферата. Овие додатоци се опционални.
Оваа нова лампа на компанијата „Б.Лукс“ е дизајнирана за употреба не само на отворен простор, туку и во затворен. Значи, таа е достапна и како фиксирана или како портабл лампа, со 3,5 метри кабел, така што може да биде поставена на различни локации.
Изработена од издржлив бел полиетилен (ПЕ), „Лаиноа“ е исклучително отпорна на надворешни услови. Опремена е со флуоросцентни сијалици (Е27), што помага да се заштеди енергија, додека се создава пријатна атмосфера.
„Лаиноа“ припаѓа на УРБАН колекцијата на „Б.Лукс“, производител на светилки повеќе од 30 години, со седиште во Шпанија.