Јаките материјал и елегантинте бои и форми прават луксузната планинска колиба „Шалет Атлантик“ во францускиот ски-центар Куршевил да зрачи со импресивен модерен дизајн и да претставува идеално место за зимски одмор.
Колибата има рустикален шарм со современа префинетост, што се обебзедува преку острите текстури и детали на единствената шема на декорот.
Секој елемент и детал на дрвената колиба се меѓусебно ускаледни со што создаваат раскошна атмосфера, благодарејќи на употребата на меријали како крзно, кожа и велур, со кои дизјанерите креирале фантастични композиции.
Луксизната вила, која може да прими 10 гости, има салон со отворен камин, четири спални соби, бања, сауна со турска бања и простории за масажа и за вежбање. Како додаток има и базен, што придонесува за дополнително уживање во текот на одморот.