„Икеа“ дизајнираше вертикален стан, ентериер за качување на позадината на готска катедрала во Франција.
По повод промовирањето на својата 30-та продавница која е отворена во Франција, големата шведска фирма за уредување на домот „Икеа“, го постави овој „вертикален стан“ на катедрала во Франција.
Во новиот „Икеа“ „стан“ одењето во кревет не е лесна задача и бара атлетски тренинг. Швеѓаните изградија необична инсталација – синтеза на „Икеа“ стан и основа за планинарење по катедрала.
Вертикалниот ентериер изгледа многу детинесто и весело: ѕидови секако нема, а станбените зони се разграничени со розова, зелена и сина боја. Сите елементи на декор се избрани од колекцијата на „Икеа“.
Најхрабрите Французи можат да ги оценат примероците на скандинавскот индустриски дизајн, со искачување на инсталацијата која е безбедна.