Кинеската компанија Хуавеј го претстави најтенкиот смартфон во светот со екран од 4,7 инчи и дебелина од само 6,18 милиметри. Моделот Хуавеј Асценда П6 на европскиот пазар се очекува да се појави следниот месец.
Компанијата наведува дека вчера претставениот модел Асценд П6 е најтенкиот смартфон во светот.
Хуавеј Асценд П6 е тенок само 6,18 милиметри, екран со големина од 4,7 инчи и ХД резолуција, четиријадрен процесор од 1,5 гигахерци и две камери од осум мегапиксели на задниот дел и 5 мегапиксели на предниот дел од телефонот.
Асценд П6 работи на Андроид оперативен систем и има осум гигабајти меморија со можност за момориска картичка од 32 гигабајти.
Хуавеј во текот на првиот квартал од годинава го зазема четвртото место во светот според популарноста, зад Самсунг, Епл и Ел-Џи.
Компанијата очекува во текот на оваа година да продаде околу 60 милиони телефони, што е за двапати повеќе од 2012 година.