Во близина на шкотскиот град Томиџ е сместена несекојдневна куќа, која потсетува на домот на Билбо Бегинс, херојот на Толкин од „Господар на прстените“.
Овој дом, кој е наречен „Хобитска куќа“ има елипсоидна влезна врата, преку која се влегува во просторија со рачно изработен артефакт, кој со своето целосно магично чувство создава впечаток дека се наоѓате во некоја од колибите на хобитите.
Сопственикот на куќата Стјуарт Грант вели дека ја немал гледано трилогијата „Господар на прстените“ кога почнал да ја гради куќата, додавајќи дека целата приказна поврзана за хобитите дошла подоцна и дека неговата куќа почнале да ја викаат „хобитска“ дури по неколку години.
Куќата е изградена во 1984 година, откако Грант по повеќе години минати во Австралија, решил да се врати во родната Шкотска. Грант со помош на неколкумина пријатели, успеал еден стар амбар со скромна квадратура, да го трансформира во сегашната „хобитска“ куќа.