Иако поголем дел од луѓето не се воодушевени од услугите на градскиот превоз, за ентузијастите кои сакаат автобуси ова би можело да биде вистинска инспирација.
Две Израелки од Евен Јехуде претворија запуштен автобус во симпатичен дом.
Тие ги извадија сите седишта и го осмислија распоредот со необични димензии во авобусот, и сега нивниот дом има мала бања, кревет, ормар и мултифункционална кујна.
Еден од најголемите предизвици беше делот околу внатрешните нерамнини на тркалата. Прозорците и вратите се сочувани, заедно со големиот волан.