Јапонија е позната по напредната технологија, модерната архитектура и функционалниот систем на образование кој се применува веќе од предучилишна возраст.
Кога ќе се спојат заложбите за сите овие три работи, резултатот е необична градинка изградена околу историски познато дрво. Единствената градинка наречена „Фуџи Киндергарден“ се наоѓа во јапонскиот град Тачикава.
Објектот е конструран на тој начин што од секој прозорец се пружа поглед на 50-годишно дрво околу кое тој е изградена во концентрични кругови.
Дрвото само по себе е историска атракција. Исклучително силен тајфун речиси ќе го откорнел од корен. По временските непогоди, дрвото изгледало мртво, добило болна сива боја и престанало да пушта нови лисја. Наспроти се, 50-годишниот ветеран целосно заздравел и се вратил во живот. Чудесното заживување послужило како инспирација на тоа место да се изгради образовна институција за најмладите.
Во текот на паузите, како пред и по часовите, децата го користат секој слободен момент да се качуваат по разгранетата крошна и вградените платформи. Најинтересни за децата се минијатурните нивоа кои се високи еден метар, кои се толку тесни што возрасни не можат да застанат на нив. На тој начин, на децата им е овозможено да истражуваат делови од дрвото до кои дури ни нивните учители не можат да допрат.