На карпите над заливот Вајтсбенд во Велика Британија е изградена куќа од 30 метри квадратни, која благодарејќи на мудро избраниот дизјан остава впечаток дека е двојно поголема.
Големите прозорци и отворениот поглед кон небото, овозможуваат куќата совршено да се вклопи во околината, која се карактеризира со високи карпи, песочни плажи и прекрасни погледи кон океанската шир. Прозорците и стаклените ѕидови создваат илузија за поголема површина на просторот.
Ентериерот на куќата е подеднакво фасцинантен како и нејзината надворешност. Големото количество природна светлина што влегува под различни агли, им дава посебен сјај на белите ѕидови и на мебелот.
Готвејќи во осветлената и отворена кујна и лежејќи на креветот во собата може да се ужива во погледот на околините пејсажи.