Во куќата од 20 метри квадратни сместено е се што е потребно за живот.
Мини куќата е дизајнирана од мултидисциплинарната уметничка и дизајнерка Мишел де ла Вега. Таа ја преуредила својата стара гаража во куќа.
Куќата иако мала ги има сите функционални елементи, вклучително и удобен кревет. Поголемиот дел од мебелот е рачно изработен.
Во мини куќата има место за мала кујна, лавабо со мала чешма, бања и дневна соба со камин во средината.