Декоратерите успеаја еден стан од 30 метри квадратни во германскиот главен град Берлин да го претворат во функционален дом благодарение на употребата на практичен и соодветен мебел.
При уредувањето на станот постигнат е ефектот на простран животен простор што не е преоптоварен со мебел и е иделен дом за млади лица кои зрачат со креативност и самодоверба.
Ентериерот се карактеризира со едноставни декоративни предмети, како што е лампата од месинг со едноствани и весели бои или интересните светилки долж прозорците, кои придонесуваат за одлична осветелност на станот.
Наместо голема маса која би заземала многу простор, декоратерите решиле масата да је сместат покрај еден прозорец со што се штеди на простор. Наместо столици има коцкести табуретки, кои се искористени и како простор за складирање на работи што не се за секојдневна употреба.
Станот има кујна чие елементи заземаат сосема малку простор, како и мала бања со црни мозаик плочки во која има туш кабина и мијалник.