Полското дизајн студио Wamhouse неодамна ја создаде новата фотелја „Przelany“.
На прв поглед таа изгледа повеќе како парче дигитална уметност отколку на вистинска фотелја.
Фотелјата е создадена по примерот на лонче од кое се истура кафе – главниот дел на фотелјата е обликуван како лонче, а потпирачот како течност која се истура, што наликува на нешто нереално.
Задната страна на „Przelany“ фотелјата е дизајнирана во две бои – боја на чоколадо и црвена.