Некогашна фарма е претворена во интересна и модерна куќа, благодарние на студиото „Дом Аркитектура“, кое направи импресива историско реконструкција на земјоделскиот објект во источните Пиринеји, на границата меѓу Франција и Шпанија.
Куќата се наоѓа во малото село Ла Сердања, кое е опкружено со ливади и каде земјоделството и сточарството се главна гранка. Преубавиот поглед на високите планини, го прават ова место посебен рај на земјата.
Клиентот нарачал целиот амбарот, магацинот и куќичката да се претворат во убав дом и неколку павиљони за гости. Архитектите сепак задржале некои веќе постоечки објекти, реконструирајќи ги фасадата и таванот и прераспределувајќи ги сите внатрешни простории.
Просторот за чување сено сега е голема отворена соба за дружење. Тој е целосно реновиран, но оставени се старите решетки на кои се потпира покривот.
Во куќата, неколку соби имаат бетонски ѕидови, но и дрвени и железни елементи, кои се зачувани од страта зграда.
– Идејата беше да се отвори голем простор, во кој околните пејсажи ќе станат дел од ентериерот, објаснуваат дизајнерите.