Во јужнокорејското село Ван Намхае, дизјанерите од студиото „Јохо Архитектура“, трансформира една стара куќа во интересен, модерен и енергетски ефикасен дом.
На прв поглед градбата не наликува на куќа, посебно имајќи го предвид нејзино рурално опкружување, но тоа сепак и дава идивидуалност. Искривениот дизајн на фасада, ја отвора куќата, но ја штити и нејзината приватноста и воедно обезбедува енергетска ефикасност.
Дрвото и тулите, кои се користени за надстрешницата, потсетуваат на првичниот и оригинален изглед на домот, кој сега е сместен зад бели решетки. Двата многу различни стилови во дизајнот сепак опстојуваат еден крај друг и меѓусебно се надополнуваат. Белата боја, се покажува како вистински избор, затоа што на посебен начин ги разубавува елементите во домот.
Надворешниот простор за седење и дневен одмор, кои речиси целосно е покриен за случаи на дожд, овозможува уживање во преубавата природа полна со разновидни растенија и дрвја, кои остават впечаток како да се наоѓате во рај. Иако,овој дом е во остар контраст со околина и тој сепка во целост се вклопува со неа. Со еден збор кажано, тоа е енергетски ефикасна куќа, а воедно и место за релаксација и одмор кои даваат мир и спокојство и овозможуваат барем за миг да се побегне од секојдневието.
Енергетската ефикасност на оваа куќа со текот на времето ќе ја покаже својата вредност, така што не е исклучено во иднина да има се повеќе куќи како оваа или пак слични на неа.