Во полскиот главен град Варшава е изградена една современа вила наречена „Модерна палата“, која плени и инспирира со својата елеганција.
Куќата претставува успешен обид за интегрирање на еден традиционално опремен дом со модерно опкружување, кое би ја надополнило класичната архитектура на градбата.
Изборот на природни елементи, нежни бои и специфични форми и текстури е одраз на намерата на дизјанерите да претстават современо чувство во дизајнот и декорот.
Уникатните делови на мебелот и мешавината на стилови придонесуваат за создавање на креативен, луксузен и персонализиран ентериер. Класичната фасада придонесува ентериерот на вилата да изгледа изнанадувачки динамичен.
Од главниот влез на вилата се пристапува во голем ходник кој води до отворениот простор во кој се сместени трпезаријата, дневната соба и терасата. Во овој простор впечатливо доминираат големата бела полициа за книги и каминот со модерен изглед.
Поставените уметничките слики, графичките цртежи и различните артефакти, декорации и украси само го збогатуваат комплексниот впечаток на ентериерот.