Студиото „ЛСА Архитектс“ изгради семејна куќа во австралискиот град Мелбурн, која е замислена како модерн животен простор со елегантен стил.
При изградбата се користени класични метријали и линии со многу отворен простор, што овозможува влез на големо количество светлина и каде членовите на семејството ќе можат да се чуствуваат слободно и инспиративно.
Собата за дневен престој и кујната се поврзани со едноставни отворени тераси кон кои се поставени лизгачки стаклени врати и големи прозорци.
Спалните соби се внимателно декорирани со цел да обебзедат удобност и да ја зачуваат интимноста на приватната зона.
Комбинацијата на цигла, мермер и дрво создава хармонична целина на ентериерот и екстериерот, кои се прилагодени на потребите на едно современо семејство.